Македонија
7. July 2015 - 17:21

Антикорупциска бара истрaга за Заев заради сознание дека примил поткуп



Јавното обвинителство ќе треба да одлучи - дали ќе отвори нови два предмети за лидерот на СДСМ Зоран Заев. Хациендата на Заеви во Неа Мудања и наводно земениот поткуп од сопственикот на компанијата иднина се двата случаи кои на обвинителите им ги предочува Антикорупциската комисија.

Сега јавното обвинителство е на потег да реши дали да овие случаи ќе го дополнат досието на струмичкиот градоначалник за кого веќе се водат постапки за случајот Пуч и случајот Поткуп од 200.000 евра од струмички бизнисмен.

Според информациите во медиумите за кои сеуште нема официјална потврда, антикорупционерите сметале дека обнвинителството треба да провери дали Заев се стекнал со хациендата во Грција а тоа не го пријавил во анкетниот лист и дали побарал и примил поткуп од 39.000 евра од бизнисменот Мики Наумов од Штип сопственик на фирмата Иднина.

Лидерот на СДСМ од вчера одбива да соработува со истражните органи не појавувајќи се пред струмичкиот суд. За ова е испратено известување до кривичниот суд во Скопје.

Минатата недела Судот го прифати обвинителниот акт за случајот Пуч каде лидерот на СДСМ се јавува како четврто обвинет за насилство кон претставници на државните институции и го закажа првото судство рочиште за 5ти август.