-->
-->
Антиќ сам го победи клубот за кој навива
-->
- фото StarSport
Фенербахче ја совлада Црвена ѕвезда во Белград со 74:60, во четвртото коло во Евролигата. Фенер по четири натпревари има скор 3-1, додека ‘црвено-белите’ го забележаа третиот пораз.
На почетокот на мечот во „Комбанк Арена“, публиката со френетични овации ги пречека екс играчите на Црвена ѕвезда, Перо Антиќ и Никола Калиниќ, а потоа Антиќ го предводеше Фенербахче до победата.
Црвена ѕвезда нервозно влезе во мечот, со многу технички грешки, што Фенербахче го искористи за серија од 13:2 во првите четири минути. До крајот на четвртината преку Штимац домашните играчи намалија на пет поени разлика (23:18), но повеќе од тоа не можеа.
Во втората четвртина додека Црвена ѕвезда сеуште имаше приклучок Антиќ погоди две тројки, Диксон една, Фенер направи позитива од 14 поени и потоа без проблеми во вториот дел ја одршуваше даа разлика.
Антиќ со 14 поени (3/5 за три) и шест скокови го предводеше Фенербахче, додека кај Ц.ѕвезда најефикасен беше Штимац со 13 поени и седум скока.
Покрај овој меч од А групата се одигра и комплетното четврто коло во Ц групата, Локомотив Кубан славеше над Каршијака со 72:53, Барселона во Каунас го совлада Жалгирис со 85:78, а Зелена Гора го изненади Панатинаикос и триумфираше со 71:68.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Курти тврди дека има соработка со Османи и дека разликите не се непремостиви
-
Собрание: На премиерот и на одредени членови на Владата им престанаа функциите, ќе ги вршат само неопходните функции до изборот на новата влада
-
На аеродромот во Тирана уапсени 16 полицајци, дозволувале нелегално преминување на границата
-
Ограбена филијала на банка во Скопје
-
Макрон уште еднаш го повика Хамас да го прифати договорот за прекин на огнот
-
Сè што треба да знаете за изборите во ЕУ
-
Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос
-
Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери