Анкети во САД: Предноста на Клинтон намалена во однос на Трамп по нападот во Орландо
Предноста на Хилари Клинтон во однос на Доналд Трамп во американската претседателска трка е намалена од минатата недела, се вели во резултати на анкета на Ипсос/Ројтерс спроведена по терористичкиот напад во Орландо.
Трамп, најверојатен републикански кандидат за изборите на 8 ноември, ја обвини политиката на демократите за масовното убиство со огнено оружје во американската историја и повтори свое ветување дека ќе забрани миграција на муслимани.
Клинтон пак, предупреди на опасност од демонизирање на муслиманите во САД.
Според анкетата, Клинтон води пред Трамп со 11,6 отсто - 44,6 спрема 33 отсто, што е намалување во однос на 13 отсто разлика во анкетата од пред пет дена.
Падот на поддршката за Клинтон не беше само „добивка“ за Трамп. Бројот на избирачи кои се изјасниле дека нема да гласаат за ниту еден од нив е во постојан пораст во минатата недела.
Околу 22,4 отсто веројатни гласачи не би одбрале ниту еден од двајцата кандидати, според петдневниот просек на резултати од вчера. Тоа е зголемување за повече од два отсто во однос на 20,6 отсто пред седум дена.
Ново на Сител
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер
-
Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори
-
Расчистено двојното убиство во Стајковци
-
Напаѓачот на Фицо призна вина
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет
-
ДИК најави седница за 14 часот