Анкета ИРИ: На локалните избори 27 отсто би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 16 за СДСМ, 8 за ДУИ и 7 за БЕСА

Мнозинството граѓани на Македонија ќе гласаат на локалните избори, а најголема поддршка би добила ВМРО-ДПМНЕ, а по неа СДСМ, ДУИ и БЕСА, покажуваат резултатите од анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) спроведена преку интервјуа лице-во-лице врз репрезентативен примерок од 1.108 граѓани во периодот од 4 до 12 март годинава.
На прашањето колку сте расположени да гласате на претстојните локални избори 61 отсто од испитаниците рекле дека се многу расположени, 21 отсто се расположени, а пет отсто нерасположени за гласање.
Од испитаниците, 28 отсто би гласале за ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, 16 отсто за СДСМ, ДУИ би го поддржале 8 отсто, БЕСА 7, Алијансата за Албанците и ДПА по 2 отсто, ГРОМ и ЛДП по 1 отсто.
Четириесет и четири отсто од испитаниците сметаат дека треба да има предвремени парламентарни избори, 41 отсто дена не треба, а 15 отсто не знаат.
Доколку се одржат предвремени парламентарни избори, 59 отсто од испитаниците би биле многу расположени да гласат, 18 отсто би гласале, а 7 отсто не се расположени да гласаат.
Доколку има предвремени парламентарни избори, За ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентрани избори би гласале 27 отсто од испитаниците, 17 отсто за СДСМ, по 7 отсто за ДУИ и за БЕСА, а по 2 отсто за Алијансата на Албанците и за ДПА.
На прашањето кои се двата најсериозни проблема со кои се соочува Македонија, 45 отсто од испитаниците одговориле моменталната политичка состојба и политичката криза, 37 отсто ја истакнале невработеноста, 23 отсто лошиот стандард на живеење, а 18 отсто економската криза. За 7 отсто проблем е националното неединство предизвикано од тиранската платформа, а за 6 отсто интеретничките односи.
На прашањето, пак, дали претседателот Ѓорге Иванов треба да го даде мандатот за формирање на владата на новото парламентарно мнозинство, 58 отсто од испитаниците одговориле позитивно, 22 отсто се против, за 12 отсто зависи од последиците што ќе ги предизвика за земјата, за 5 отсто зависи кој ќе биде мандатар, а 10 отсто немале одговор.
Ново на Сител
-

Уркиза: Со развојот на ВИ и дигиталните плаќања криминалот целосно ги брише границите, затоа соработката на полициските агенции е поважна од кога било
-

Голема победа на Силекс против Динамо Минск – Хасукиќ донесе триумф од 1:0
-

Нетанјаху: ИДФ ќе останат во Либан колку што е потребно, ние ќе ја одржиме воздушната супериорност
-

Првиот човек на ИДФ, генерал Ејал Замир: Борбата против Иран не е завршена, ќе следат големи операции
-

Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, ги објави парламентарните избори за 28 ноември
-

Арагчи ги предупреди САД да се воздржат од нови воени авантури
-

МВР со низа превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување пожари и кражби
-

Пакетот закони за високо образование прифатени од матичната собраниска комисија, одат на натамошно читање
