Андонов: Согласно законот јасно се знае начинот на кадровски промени во МВР
Дополнителниот заменик министер во МВР Оливер Андонов денеска во Битола одговарајќи на новинарско прашање во врска со кадровските промени во МВР кои ги изврши министерот Оливер Спасовски, рече дека промените може да се вршат согласно привремениот Закон за привремена Влада за спроведување на избори за пратеници во Собранието на Република Македонија и јасно и прецизно се знае начинот на промени по хоризонтала и вертикала во МВР.
- Согласно Законот за МВР, системот за кариера и Законот за полиција, министерот може да врши промени во хоризонтала, но не повеќе од едно до две места во хиерархиската поставеност и притоа да не минуваат од група во група. Тоа значи дека неможе како полицаец да минете 12 нивоа и 5 групи и дојдете на местото началник на сектор за внатрешни работи, рече Андонов.
Според него, министерот Спасовски се обидува да ги проблематизира овие прашања. - Мојот предлог беше заедно да ги потпишуваме решенијата поврзани со изборите. Но Спасовски ги смени претседателите на кадровските комисии и комисиите за унапредување во МВР и други комисии, и тоа ме наведе да се сомневам дека промените се партиски мотивирани и против законити бидејќи е повреден Законот за внатрешни работи и полиција. Затоа и се случи началникот на СВР Куманово да дојде од позиција на полицаец во гранична полициска станица Белановце и тоа е преседан. Освен началникот на СВР Скопје кој е нспорен, сите останати нови началници се сомнителни заради законски прекршувања, појасни Андонов.
Ново на Сител
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец
-
Мицкоски: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места
-
Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“