Македонија
26. December 2016 - 16:35

Анализа на Република: Зошто Германија не ги прифаќа сугестиите на Конрад Аденауер

Што треба да прави Македонија според германските искуства и зошто Германија не ги спроведува препораките на „Конрад Аденауер“? Ова е насловот на анализата на интернет порталот Република, во која право споредба со политичките постизборни случувања во Германија и во Македонија.

Порталот прашува што би се случило ако Македонија ги следи германските искуства при формирањето на новата влада, и како би изгледала Германија доколку ги следи сугестиите што ги даде „Конрад Аденауер“ во последната анализа за Македонија, потсетувајќи дека на последните парламентарни избори во 2013 година кога најголемата германска политичка партија ЦДУ заедно со своите баварски партнери од (ЦСУ) добија 310 пратнички места во Бундестагот или 41 % од гласовите на гласачите. Неможноста да формира влада, резултираше со формирање на  таканаречена „голема коалиција“ заедно со своите најголеми политички ривали, социјалдемократите.

-Постои разлика помеѓу Германија и Македонија во поглед на заедниците кои не се мнозинство. Во Македонија позицијата на албанските партии во новата влада не може да се преслика од германските искуства затоа што таму, во Германија, воопшто не функционираат партии на национална основа иако во земјата има огромно турско малцинство (околу 3 милиони луѓе) кое нема свој политички субјект, пишува Република.

Порталот потсетува дека и покрај тоа што Меркел и по изборите во 2013 кога не собра доволно пратеници за да формира влада во рамки на централно десничарскиот и центристичкиот блок остана на чело на партијата и во најголемите партии во Македонија би требало да останат актуелните лидери на чело и да продолжат со политичката битка.

-Праксата од Германија сугерира дека Груевски во идниот кабинет треба да ги задржи своите најблиски соработници, слично како по изборите во 2013 година кога Меркел во владата повторно ги именува најблиските соработници за министри, анализира Република.

Порталот посочува на уште една сличност меѓу Македонија и Германија  и тоа во аферите за прислушување.

-Во Германија се случија афери за прислушување во кои беше откриено дека меѓу другото германски државјани за сметка на американски агенции прислушувале германски институции, дека германската национална агенција БНД прислушувала европски политички и бизнис цели за потребите на американската безбедносна агенција НСА, а беше откриено и дека американски агенции го прислушувале личниот телефон на канцеларката Меркел, што никогаш не беше официјално потврдено. Шефот на германската разузнавачка агенција БНД, иако за сите овие скандали од опозицијата беше повикан да даде оставка уште по откривањето на аферите на почетокот на 2015 година, од челното место на најважната германска безбедноста служба си замина во јули 2016 година. Шефот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков даде оставка на почетокот на мај 2015 година, на 3 месеци од почеткот на објавувањето на прислушуваните разговори. За разлика од Македонија каде што прислушуваните разговори меѓу кои имаше и голем дел од приватни разговори кои што не неа од јавен интерес, беа објавувани од СДСМ, медиуми како и на социјалните мрежи во Германија сите нелегално прибавени раговори беа веднаш отстранети од јавниот простор, пишува во анализата Република.

-Бидејќи на последните избори Ангела Меркел немаше апсолутно мнозинство и имаше пад на поддршката, доколку Германија ги послуша препораките од последната анализа на „Конрад Аденауер“ тогаш „гласачите ѝ испратија јасен сигнал за промени на владејачката коалиција, сигнал кој пред сѐ не се прифаќа од ЦДУ. Наместо да се иницираат внатрепартиски реформи, во Германија се прави обид да се задржи еродираната власт“, заклучувапорталот.