Македонија
3. January 2017 - 17:24

Американско-Еврејскиот Конгрес од САД упати честитка до Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за изборната победа

Честитки за изборната победа и поддршка за формирањето на новата влада добија ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски од Американскиот Еврејски Конгрес. Организацијата која ги обединува сите Евреи во САД во писмена изјава изразува очекување изборите кои протекоа во фер и демократска атмосфера да отворат нови можности за Македонија и да ја зацврстат соработката на американските евреи со владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. 

-Американскиот Еврејски Конгрес му честита на премиерот Никола Груевски и на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ за нивната победа на декемвриските парламентарни избори во Македонија. Ги цениме извештаите на ОДИХР како и на меѓународните набљудувачи дека изборите биле слободни, фер и демократски.

Американскиот Еврејски Конгрес се надева дека премиерот Груевски и неговата партија ќе продолжат со програмите за соработка со еврејската заедница во Македонија како и со Евреите во светот. Исто така се надеваме на продолжување на одличните односи на Македонија со Израел на политичкио, економско, дипломатско и бесбедносно поле, стои во дел од соопштението.

Првиот човек на Американскиот Еврејски Конгрес Џек Росен минатата година оствари средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во седиштетот на организацијата во Њујорк. На средбата меѓу останатото се разговарало и за изградбата на Музејот на Холокаустот во Скопје и за основањето на Фондот на холокаустот. Со оглед  на тоа што оваа оргнизација претставува исклучително влијателна тинк тенк групација, на средбата се разговарало и за зацврстувањето на соработката и интензивирањето на македонско американското пријателство.

Американскиот Еврејски Конгрес е формирн во 1913та година и се смета за најсилна организација во САД со исклучително силно влијание на политичките и економските текови.