Македонија
20. November 2016 - 16:25

Американски Генерал предвидува: Победата на Груевски во декември, услов за поблиска соработка со Трамп и САД

Неодамнешната претседателска победа на Доналд Трамп се совпаѓа со изборите во Македонија, каде се очекува Никола Груевски повторно да биде избран за премиер. Политичките состојби во двете земји ја одбележаа 2017-та година како клучен период за натамошните американско-македонски односи. Некој ќе се запраша, зошто САД треба да се грижи за Македонија. Еве зошто, пишува во својата колумна генерал Роналд Џонсон за Дејли колор.

Македонија е пријателска, стабилна нација во време на немири и е клучна во регионот. Комбинацијата на сириски бегалци, колапс на грчката економија ја остава иднината на Европа под знак прашалник. Низ сета оваа нестабилност, Македонија и Никола Груевски се покажаа како пријатели и неопходни сојузници на САД. Македонија и САД работеа заедно за да се сопре бегалската криза. Исто така Македонија има интерес да стане членка на НАТО, со цел да помогне на алијансата за да бори против тероризмот и ИСИС, со што Македонија и САД делат исти цели.

Македонија е мала копнена држава, којац спроведе вонредни мерки за да се сочува безбедноста но хуманитарниот аспект од бегалската криза, пишува генерал Џонсон.

И покрај тоа што е опкружена од три страни со земји кои се членки на Европската унија и НАТО -  Македонија е оставена сама да се справи со бегалската криза. Соседните земји зависат од неа и ја гледаат земјата како лидер во регионот по ова прашање. Земјата имаше огромни трошоци кои самата мораше да ги сноси во справувањето со бегалските предизвици. Затоа оваа мала земја  стане витален сојузник во борбата против ИСИС и борбата против тероризмот пошироко, смета Џонсон.

Генералот наведува дека со победата на Трамп на изборите и, најверојатно, изборот на Никола Груевски во декември, е најважно дека двете земји да работат заедно во глобалната борба против тероризмот и во помагањето на Македонија да стане полноправна членка на НАТО во 2017-та година.

Физичка локација на Македонија ја прави крстопат каде Истокот го сретнува Западот. По две децении на инвестиции, оваа хронично подложна земја на војна почнува да се стабилизира. Америка не може да заборави за Македонија и Балканот.

Со Путин и Русија на својот праг, од витално значење е Америка и новоизбраниот претседател Доналд Трамп да се спротивстават на руските напори на Балканот со тоа што ќе дозволи Македонија да влезе во НАТО.

Приклучувањето во оваа организација ќе ја направи Македонија многу помалку подложна на мешање од страна на Кремљ и, што е уште поважно, ќе и овозможи на Македонија да ги подобри своите односи со Америка и Западот во 2017 година.

Роналд Л.Џонсон е поранешен истакнат американски генерал. Тој бил одговорен на најголемата оперативна Армиска агенција. Под негова команда биле 4 американски региони и 3 прекуморски региони кои сочинуваат 80 илјади лица со 8 милијарди оперативен буџет. Неговата 181 армија била задолжена за управување на градовите, подобрување на инфракстурата, животната средина како и квалитетот на животот поддршката на војници, цивили и нивните членови на семејствата во целиот свет. Неговата успешна кариера е обележана со високи места во армијата на САД во сите делови од светот.