Македонија
24. September 2017 - 13:07

Александрова: Укинати и стопирани мерки за студентите

- Неспособноста и лагите на СДС, студентите ги почувствуваа на своја кожа.

Владата на Зоран Заев се дрзна на студентите да им укине еден од трите оброци кои им следуваат секој ден на студентите кои престојуваат во студентските домови. Сега наместо 3 оброка на трошок на државата, тие ќе можат да јадат само 2.

 Да почитувани граѓани, додека илјадници студенти ќе останат гладни, владата на СДС се расфрла со народните пари и тоа на морски плодови, морска храна, апетисани и пијалоци.

Богоев, Туфегџиќ, Заев, Дескоска ветуваа подобар студентски стандард но откако седнаа во удобните фотелји заборавија на ветувањата и удрија по грбот на студентите.

          Почитувани,

СДС уште еднаш си го покажа вистинското лице. Наместо реформи за подобар живот студентите добија укинатите и стопирани мерки наменети за нив, згаснување на дисперзираните студии, стопирање на проектот 30/35 кој обезбедуваше финансиски поволности при студирањето за повозрасните граѓани со интерес за студирање, гласањето против законот за студентски ваучери за купување компјутери.

Затоа на претстојните локални избори на 15-ти октомври студентите ќе го казнат суровото однесување на СДС. 

Сара Александрова - ВМРО-ДПМНЕ