-->
-->
Александар Чеферин на отворањето на новиот капитален објект на ФФМ
-->
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски ќе го пречека Александар Чеферин, претседателот на УЕФА на официјалното отворање на сместувачкиот капацитет во рамки на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Новиот капитален објект на ФФМ ќе биде пуштен во употреба во четврток на 15. февруари.
Објектот во склоп на комплексот „Куќа на фудбалот“ во себе содржи сместувачки капацитет за учениците од ФФМ/УЕФА Елитната академија, како и за младите национални тимови. Целосно се опремени за живеење 30 двокреветни соби, апартмани за селекторите и стручните тимови, како и заеднички простории - сала за состаноци, училници и заедничка кујна и трпезарија.
Сместувачкиот капацитет е наменет за престој на учениците од фудбалската академија во текот на училишната година, а по потреба ќе се користи и за младинските национални тимови во пресрет на натпреварите.
Ова е прв објект од ваков вид во Македонија, а со отворањето се потврдува дека ФФМ работи согласно нејзината визија: Фудбалот на прво место, создаваме можности. Една од главните заложби на Фудбалската федерација на Македонија е да ја препознае и да го направи многу подобар „фудбалскиот живот“ на младите. Со посветеност и системска работа „Фудбалската академија“ веќе ги вреднува резултатите од својата студиска програма, но задача е постојано да се развиваат и унапредуваат содржините на програмата за работа на академијата и младинскиот фудбал.
Нашата визија е да ја претставиме Академијата како водечка институција од тој вид во Македонија, основана по примерот на многу европски школи, со единствена желба своите ученици да ги подготви за времето кое доаѓа, како школа за иднина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд