Албански медиуми: СДСМ прифати да им се извини на албанците од 1912 до 1956 година
Албанските медиуми пишуваат дека СДСМ ги доби потписите од партиите на Албанците откако целосно ја прифати нивната платформа. ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците уште пред почетокот на преговорите беа децидни дека нивна поддршка ќе добие онаа партија од македонскиот блок која ќе се согласи целосно да ја реализира платформата. Дел од платформата е и менување на историјата, односно носење одлука со која ќе се прогласи сторен геноцид врз Албанците во Македонија, кој наводно се направил помеѓу 1912 и 1956 година.
Покрај прифаќање на сите брањата поставени во платформата, меѓу кои се официјализирање на албанскиот јазик и неговото писмо и употребата на албанскиот јазик во сите нивоа на власта, албанските портали пишуваат дека трите албански партии кои му ги дадоа потписите на СДСМ ќе бараат и решавање на статусот поранешните војници на ОНА.
-

Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар
