Македонија
4. July 2016 - 13:41

Албански државјани нападнале полицајци во Охрид

Две лица од Подградец, Албанија, ноќеска се лишени од слобода поради нарушување на јавниот ред и мир и напад на полициски службеници во Охрид.

Како што соопшти МВР, во кафе барот „Ликвид“ на ул.„Коста Абраш“ во Охрид, ноќеска во 01:45 часот по претходно пријавен нарушен јавен ред и мир, полициски службеници од Полициската станица Охрид забележале две лица кои биле под дејство на алкохол и се однесувале агресивно.

На барање на полициските службеници да се легитимираат лицата одбиле, а во еден момент и физички ги нападнале, по што полицисиските службеници врз нив употребиле средства за присилба  - физичка сила, гумена палка и врзување со лисици.

Станува збор за лицата М.М.(29) и М.Р.(25), двајцата од Подградец, Албанија.

На полицисиските службеници им била укажана лекарска помош при што се констатирани гребаници по телото, а кај странските државјани не се констатирани повреди. Лицата се задржани во Полициската станица Охрид за понатамошна постапка.