Македонија
23. November 2016 - 17:11

Активности на носителите на листи „За подобра Македонија“

Носителите на листи на коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ на средби со граѓаните промовираа дел од поректите предвидени во програмата Реално. Во првтата изборна единица Никола Поповски најави покачување на платите во јавниот сектор за 10,25%.

Тука спаѓаат просветните работници, културните работници, здравствените работници, војската и полицијата, значи целиот јавен сектор со што ќе придонесеме покрај зголемените примања во приватниот сектор, со привлекување на странски инвестиции и јавниот сектор да го следи истиот тренд, потенцираше Попоски.

Пред жителите на Старо Нагоричане, ностиелот во втората изборна единица Никола Тодоров истакна дека државата со 80% ќе ја поддржи набавката на на високоприносен добиток со генетски потенцијал од познато потекло. Право на користење на мерката ќе имаат одгледувачи на добиток запишани во Единстевниот геристер на земјоделски стопанства, а максималната вредност на прифатливите трошоци ќе изнесува до 6 милиони и 500 000 денари по корисник.

- Овие 80% од трошоците се неповратна финансиска поддршка која ќе се одобри при набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата буша), педигрирани машки и женски приплодни грла овци, педигрирани машки и женски приплодни грла кози и педигрирани свињи (нерези и назимки).Набавката на грлата ќе се врши од признати организации на производители, посочи Тодоров.

Во Свети Николе, носителот во третата изборна единица Илија Димовски најави рурални развојни зони во источна Македонија, со тоа што државата ќе ги поддржи и субвенционира сите домашни и странски компании кои ќе инвестираат во стопански капацитети во руралните средини.

Практично сите села во Свети Николе ќе бидат дел од така наречената рурална зона во која што домашните и странските компании кои ќе инвестираат ќе добијат поддршка од 20 проценти гранд од државата за инвестицијата, ќе добијат голем број на даночни ослободувања, ослободувања од царина за машините кои ќе ги увезуваат за инвестициите, 50 проценти ослободување за придонесите во следните 10 години, комплетно ослободување од перосонален данок и данок на добивка во следните 10 години, ќе добиваат поддршка од државата во смисла на ослободување од плаќање на комуналии, на такси за урбанистичко планирање, поддршка за инфраструктурни поврзувања и сетоа она што ќе значи поддршка на домашните и странски компании за своите следни инвестиции да ги насочат кон руралните средини со цел да им помогнеме на македонските граѓани кои живеат или планираат да живета во селата. Тоа на овие луѓе им значи многу бидејќи е гаранција за нивните следни генерации дека ќе имаат пристојна работа и дека ќе си останат на своите огништа и тука ќе ја градат својата иднина, додаде Димовски.

Носителот во шестата изборна единица Влатко Ѓорчев ја презентираше програмата пред жителите на Брвеница.  Ѓорчев најави дека државата со 60% ќе учествува во набавка на земјоделска опрема.

  Проектот за набавка на земјоделска опрема се покажа како вонредно успешен и во него засега државата покриваше 50 проценти за набавка на трактори, приколки и останата земјоделска опрема. Сега ја зголемуваме помошта на државата и наместо 50, државата ќе покрива 60 посто за набавка на опремата. Инвестираме во модернизација на земјоделието, за да ги развиеме руралните средини. Ќе го зголемиме учеството на државата во осигурување на премиите во земјоделието, наместо 50-50 државата и тука ќе покрива 60 посто од трошоците, истакна Ѓорчев.

Ѓорчев додаде дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ предвидено е асфалтирање на неколку улици во Општина Брвеница, а еден од клучните проекти за овој предел е изградбата на градинка.