Македонија
20. October 2017 - 17:12

Активист од невладина организација претепан во Струга поради статуси на социјалните мрежи

Стружанец нападнат поради фејсбук статуси. Претседателот на невладината организација Каприкорн Васко Јолески од страна на непознато лице синоќа најпрвин со закани по неговиот живот а потоа и со боксови бил предупреден доколку продолжи да пишува.Јолески често на социјалните мрежи го коментира работењето на Алијансата за албанците и Зијадин Села.

Јолески стравува за својот живот и бара од надлежните да го расчистат  овој случај.

Од СВР Охрид го потврдија настанот во соопштението стои дека доцна синоќа околу 22 часот пред угостителски објект извршен е физички напад врз 32 годишно лице задавајќи му два удари со тупаници во пределот на главата .Инаку

Кандидатот за градоначалник од Алијансата за Албанците Зијадин Села потенцира дека не е запознаен со оваа ситуација осудувајќи секаков вид на насилство.