Македонија
11. August 2016 - 14:49

Акцијата за донации во основните училишта во Аеродром трае до 14 август

Општина Аеродром ги повика граѓаните да продолжат да донираат за населението од поплавените подрачја во Скопско во основните училишта на нејзина територија.

Хуманитарната акција на Аеродром ќе трае до недела, 14 август 2016. Училиштата, каде што се оставаат донациите, се отворени секој ден од 8 до 22 часот. Општината апелира дека во моментов најпотребна е вода за пиење и храна.

Информира и дека досега од донации на жителите на Аеродром  се собрани 10 комбиња хуманитарна помош. 

- Аеродромци и досега ја покажаа својата хуманост, донирајќи над 10 комбиња хуманитарна помош од почетокот на акцијата, која потоа се носи во централниот пункт во Скопје, поточно во основното училиште „Наум Наумовски-Борче“ и понатаму се дистрибуира до поплавените семејства, соопшти Општина Аеродром.