Македонија
12. February 2017 - 16:15

Академик Маџунков: Двојазичноста е опасен авантуризам кој води кон уништување на државата

Академикот Митко Маџунков како ретко кој од неговите колеги од МАНУ во овие кризни времиња истапи како интелектуалец кој јавно  го искажува својот став за актуелните политички збиднувања во државата.

Поаѓајќи од тезата дека јазикот е еден од главните атрибути на секој народ, Маџунков гласно се спротивстравува на двојазичлноста отценувајќи ја како опасен авантурозам кој води кон уништување на државата.

Според него платформата на албанските партии е насочена токму кон едно такво разнебитување на Македонија.

Ние немаме друга држава, ниту резервна татковина, затоа мораме да го чуваме јазикот и името.

Ова пред неколку дена го изјави Маџунов на промоцијата на новите изданија  од едицијата Светско книжевно наследство. Во интервју за Сител, тој порачува дека отстапувања  за тие прашања  не смее да има.

Академик Маџунков кој по потеко е од Струмица  е творец на романи драми есеи и разскази.  Добитник е и на  бројни книжевни награди.