-->
-->
Ајкула на неколку центиметри од мојот апарат, само што не го проголта бродот - го сликна моментот кој се доживува еднаш во животот
-->
Неверојатна фотографија која ја направил Том Канон, настана неодамна во близина на брегот на Западна Австралија. Том и неговиот пријател Сем, инаку научник кој се занимава со истражување на мориња, но и фотограф, основале компанија под името "Ocean Collective Media",која се занимава со промовирање на дивиот свет, пренесува Бизнис инсајдер.
Оваа фотографија посебно внимание привлече бидејќи се чини дека ајкулата во секој момент ќе го проголта бродот. Сепак, работите се малку поинакви. Станува збор за оптичка илузија, која фотографите ја нарекуваат „ присилна перспекрива“, со која објектите се поставуваат така за да изгледаат поголеми, помали, одалечени или подоближени отколку што навистина се.
- Кога ја снимив фотографијата, ајкулата беше одалечена на неколку центиметри од мојот апарат, рекол Том и додал дека бродот стоел неколку метри подалеку.
- Тоа беше навистина ретко искуство ајкулата да биде толку блиску, рекол Канон и додал дека тие обично пливаат во права линија по потрага по храна.
Оваа врста на ајкули можат да пораснат и повеќе од 40 метри.
Во видеото погледнете како изгледа ова врста на ајкула и како реагира на луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден
-
Претпладне сончево, од пладне можност за краткотраен пороен дожд