Ахмети не дозволува Заев да поднесе оставка, барем не до март
Лидерот на ДУИ Али Ахмети не дозволува Зоран Заев да поднесе оставка од премиерската функција, барем не до март следната година, вели висок функционер на ДУИ, пренесува „Слободен печат“.
Заев, пак, кој замина од лидерската позиција од СДМ, без оглед на исходот од преговорите за влез во Владата на Алтернатива и од европскиот самит во Брисел, решен е во декември да ја активира и премиерската оставка, тврди висок функционер од кабинетот на премиерот.
– Заев треба да биде премиер бидејќи има големи работи за решавање. Без заедно да одлучат Заев и Ахмети и без да влезат во колосек важните работи, Заев нема да се тргне од одговорноста да ги решиме проблемите. Надежите се дека на 14 декември ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, а дека до март идната година ќе се одржи првата меѓувладина конференција со која Македонија и Албанија ќе ги почнат пристапните преговори со Европската Унија. Ќе разговараме, ќе направиме анализи, но сепак сметам дека Заев до март ќе биде премиер – изјавил високиот функционер од ДУИ.
Ново на Сител
-
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
-
Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада
-
Внимавајте: Се шири линк до лажна веб страна на Владата која краде податоци за кредитни картички
-
Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница
-
Поевтинуваат горивата ова се новите цени
-
Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на Средно Водно
-
До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи
-
СДСМ во среда ги почнува подготовките за избор на ново раководство - закажан состанокот на Извршниот одбор