Македонија
10. March 2016 - 16:27

Адреси издавани од СДСМ сега станаа основа партијата да бега од избори

Адресите кои издаваше СДСМ додека беше на власт, денеска станаа аргумент за опозициската партија да бега од изборите.

Десетици години над 90% од македонските села немаат систем на улици. Директорот на македонската катастарска служба вели дека има  и голем број градски средини каде што уличниот систем се уште не е воспоставен, а луѓе кои живеат во различни станбени единици се водат на иста адреса

СДСМ и денеска во писмено соопштение обвини за фантомски гласачи во избирачкиот список, но до овој момент, таков случај се уште официјално не е пријавен. За контрола на избирачкиот список единствено надлежни се ДИК и министерството за внатрешни работи кои ги раководи СДСМ. 

Фактот дека Спасовски молчи и не презема ништо во врска со обвинувањата кои неговата партија секојдневно ги испраќа во врска со избирачкиот список, според експертите отвора простор за сомнеж дека станува збор за смислено сценарио на опозицијата за обезбедување алиби за бегство од изборите.
Од владејачката ВМРО – ДПМНЕ во писмено соопштение велат дека СДСМ ќе стори се за да побегне од изборите бидејќи на Бихаќка знаат дека на 5 јуни ги чека нов изборен пораз. Според владејачката партија, разликата не е 1000 туку 200.000 гласа а за СДСМ, фантомски се сите гласачи кои не гласаат за нивната деструкција.
За експертите е нејасно, зошто СДСМ се откажа од барањето за активна регистрација на гласачите иако ВМРО-ДПМНЕ јавно ја поддржа оваа идеја. Според нив до овој момент нема ниту еден аргумент дека е нарушен основниот принцип еден човек еден глас, а адресата на секој од гласачите не може да биде причина за губење на правото на глас.