Адел откри дека има таен налог на Твитер
Британската поп дива Адел, доби репутација на најспонтана ѕвезда, која сака со публиката да сподели интересни детали од својот живот.
На неодамнешниот концерт во Австралија таа откри дека му го изговорила судбоносното „да“ на долгогодишниот партнер Сајмон Конецки, а сега на обожавателите им откри уште нешто.
Имено, Адел на публиката и откри дека има таен налог на Твитер, на кој пишува апсолутно се што ќе и дојде на ум. Таа прво призна дека поради претходните грешки и пишувања на различни недолични работи и е одземено правото за твитување
- Синоќа бев на Твитер. Тие не знаат дека имам таен налог. А под „тие“ мислам на мојот менаџмент. Често пати знаев да напишам или кажам нешто погрешно, поради што ми беше одземено правото да користам Твитер, нагласи британската пејачка.
Адел во 2015 година во едно интервју истакна дека сега избегнува пијана да пишува коментари на таа социјална мрежа, што го правела претходно кога се појавил Твитер.
Ново на Сител
-
Во беровската полиција однесено неексплодирано убојно средство
-
Можно е Фицо да биде префрлен на лекување во Братислава
-
Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм
-
Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска
-
Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога
-
Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра
-
Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица
-
Новости на „Гугл“ за „Андроид“