Абе: Долниот дом на Парламентот ќе се распушти на 28 септември
Долниот дом на Парламентот во Јапонија ќе биде распуштен на 28 септември, изјави денеска јапонскиот премиер Шинѕо Абе, пред почетокот на форумот на Либерално-демократската партија.
На денот на распуштањето на Парламентот, на вонредна седница, ќе бидат распишани предвремени избори. Се очекува кампањата да почне на 10 октомври, а гласањето да се одржи на 22 октомври.
Мандатот на сегашниот Парламент истекува во декември 2018 година, но јапонскиот премиер смета дека на предвремените избори ќе ги зајакне позициите на ЛДП, која заедно со помалиот партнер во владината коалиција, партијата Нов Комеито (KM), има апсолутно мнозинство во двата дома.
Ако ЛДП победи, Vладата ќе може да ја продолжи сегашната политика за ревидирање на „антивоениот“ член девет од Уставот. Абе планира и натамошни економски реформи во духот на својата политика за економски подем.
Гувернерот на Токио, Јурико Коике денеска изјави дека ќе формира нова партија, која на претстојните избори ќе се спротивствави на семоќната партија на Абе.
- Неопходна е вистинска реформска сила, рече Коике и го најави создавањето на новата Партија на надежта
Ново на Сител
-
Ѓорѓи Божинов, генерален секретар во кабиентот на Сиљановска
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“