Македонија
22. August 2016 - 19:17

8 кандидати за 5-от член на ад хок телото

Осуммина пријавени за петото место во ад-хок телото за следење на медиумите за време на предизборниот период.

Сител стигна до имињата на оние кои сами се пријавиле на конкуросот на Агенцијата за Медиумуи кој истече вчера.

Сафер Тахири

Беспира Ејупи

Илид Ајдини

Ајет Реџепи

Даут Даути

Фитим Круезиу

Љулзим Хамиди

И Јосив Хочков, се оние кои се пријавиле сами.

Најдоцна до четврток Цветин Чилиманов, Слаѓана Димишкова, Љубомир Костовски и Горан Трпеновски со консензус треба да одлучат кој ќе биде петтиот член во нивната комисија. Според законот освен оние кои сами се пријавиле членовите на ад-хок телото имаат право да предложат и имиња кои не се на листата.  Како што дознавме од извори од агенцијата, членот Љубомор Костовски кој во телото влезе по предлог на СДСМ го предложил Петрит Сарачини од Соросовата организација Цивил за ова место.