40 проекти за млади, наголем опфат за потребите на младите во Македонија
Купи куќа за млади, бесплатен железнички викенд за младите до 27 години изградба на базени и читални.
Ласерска корекција на диоптрија, бесплатен превоз, вработување на 100те најдобри студенти како и намалена партиципација за одредени категории се само некои од 40те проекти за младите кои владеачката партија ги промовираше во изминатиот период.
Освен користа што ќе ја имаат младите, ќе се намалат трошоците на родителите, а бенефит ќе имаат и компаниите кои ќе се вклучат во реализација на проектите со што ќе се отворат и нови работни места.
- Понудивме 40 нови мерки од кои дел почнавме да ги имплементираме, но најголемиот дел ги нудиме како дел од новата програма, во која ќе има и други мерки за младите. Наидоа на одличен одзив, направивме силен фокус на младите, сметаме дека тоа ќе даде добри резултати за нив, за нивната иднина и оваа листа од 40 проекти која е како дел од нашата нова програма ќе бидат нов квалитет на живот на младите луѓе. Освен што ќе им помогнат на младите, ќе помогнат и во градежниот сектор. Околу 40 милиони евра ќе се инвестираат во 3-4 години за да се спроведат проектите, 40 милиони евра ќе влезат во економијата, многу работници и компании ќе живеат во тие години, потенцираше Груевски во неодамнешното гостување во Дневникот на Сител ТВ.
Со последните проекти државата ќе обезбеди леќи и очни помагала на средношколците и студентите од 14 до 26 годишна возраст од семејства чиишто приходи не надминуваат 32 000 денари. Ќе се организираат и големи студентски фестивали во Штип Битола Охрид и Скопје,државата ќе го субвенционира и купувањето музички инструменти и ќе обезбеди бесплатен здравствен преглед за спортските репрезентативци.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
