-->
-->
30-тина македонски каратисти ќе учествуваат на СП во Тенерифе
-->
По повод учеството на македонската карате репрезентација на претстојното Светското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У 21) кое ќе се одржи во период од 25-29 октомври во Тенерифе, Шпанија, денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт (АМС) беше одржана прес конференција.
Директорот на АМС Дарко Каевски истакна дека АМС на каратистите им се дава голема поддршка, особено ако се знае дека овој спорт е еден од најтрофејните спортови кои носи многу медали за Македонија и воедно додаде дека очекува високи резултати од каратистите.
- Агенцијата за млади и спорт го поддржува каратето, а тоа како АМС го потврдуваме и со финансиската поддршка која ја овозможивме на нашите каратисти на ова Светско првенство. Каратето е еден од нашите најуспешни спортови, а со континуирана поддршка и стимул на младите каратисти сакаме дополнително да ги мотивираме, да донесат медали и од Тенерифе и да ја претстават Република Македонија во најдобро можно светло. Убеден сум дека овие млади надежи се подготвени за големи резултати, а домашната спортска јавност со нетрпение ги очекува нивните настапи, - изјави Каевски.
На шампионатот во Тенерифе, Македонија ќе ја претставуваат 30 натпреварувачи во различни возрасни категории, а ќе бидат предводени од стручниот штаб во состав Стојан Андриевски, Арлинд Хусеини и Александар Кузмановски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер
-
Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори
-
Расчистено двојното убиство во Стајковци
-
Напаѓачот на Фицо призна вина
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет