Македонија
8. May 2016 - 16:33

17.000 пациенти го искористиле проектот „Наш специјалист“

Околу  17.000 пациенти за една година добиле здравствени услуги преку проектот Наш специјалист. 

Најголем дел од прегледите биле кај ортопед и интернист.

Со овој проект  граѓаните кои имале потреба од специјалистички преглед  неморале да одат во друг град и  заштедиле и време и пари, информираше министерот за здравство.

Преку проектот Наш специјалист се опфатени 9 специјалности.  Лекари со патен налог од Скопје или од други болници во државата работеле во 15 градови каде имало потреба од  одреден специјалист.