Македонија
23. September 2015 - 16:26

17 милијарди евра помош за Македонија и Србија

Европската унијата и понатаму ќе им помага на Македонија и на Србија кои се жртви на ситуацијата со бегалците и емигрантите, порача денеска еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан. Според Хан, Брисел едноставно мора да им помогне на земјите од Западен Балкан.

- Ние и понатаму ќе им помагаме на земјите како БЈР Македонија, како и Србија. Бев во првата земја минатиот викенд, а во петок ќе патувам во Србија да ги посетам заедно со премиерот и бегалските кампови и да добијам личен впечаток за ситуацијата. Но и тука Европската унија е подготвена да помогне со цел да се справивме со овие предизвици, бидејќи, што е важно да се напомене, ова не е проблем на земјите од Западен Балкан. Тие, исто така се жртви на ситуацијата и затоа ние мораме да им помогнеме -  истакна Хан.

- Се работи за засилување на нашата надворешна граница и ова е примарно меѓу Турција и Бугарија и меѓу Турција и Грција. Затоа, мислам дека треба да ги поставиме овие “жешки точки”, овие центри за прием токму таму со цел да се регистрираат луѓето на сеопфатен начин, не само да им се земе изјава и да се запишат, туку навистина да се проверат лицата или барем да се направи обид да се проверат нивните лични податоци. Ова треба да биде сторено вееднаш откако лицата ќе пристигнат на територијата на Европската унија.

Еврокомесарот задолжен за проширување на Унијата, исто така ги повика сите земји од Западен Балкан да се справат на адекватен, хуман начин со предизвиците и посебно да обезбедат отворен премин преку границите, а не истите да ги затвораат и да не влијаат на бизнисот и на економијата во регионот.