Македонија
14. March 2017 - 21:48

16-ти ден протести на ,,За заедничка Македонија‘‘ против Тиранската платформа

16-ти ден протести за отфрлање на Тиранската платформа. Илјадници граѓани и вечерва ја дадоа поддршката на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Не сакаме двојазичност, Македонија мора да остане унитарна се само дел од пораките кои ги испратија граѓаните од вечерашниот протест во Скопје..

Протестниот марш на Граѓанската иницијатива вечерва го предводеа спортстите.

Пред пристутните граѓани се обратија џиу џица мајсторите на Македонската федерација а во народната канцеларија на Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, боксерската федерација симобилчно му врачи нараквици за како што велат најсилниот борец за зачувување на државната унитарност, Претседателот Иванов.

Над 150 илјади граѓани од целата држава, по 16-ти пат ја поддржа иницијативата „За заедничка Македонија“.

Организаторите на мирните протести повторија дека нема да дозволат прифаќање на платформи создадени во други држави ниту ќе одобрат Влада која не е формирана според изборот на мнозинството граѓани..

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ најави дека и во следните денови ќе продолжат мирните протести..