Македонија
21. April 2017 - 19:50

16-то продолжение на конститутивната седница

Час поскоро да се одржи лидерска средба со една цел- определување на нов датум за парламентарни избори. Ова го побараа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на денешното 16-продолжение на конститутивната седница. Пратениците на СДСМ пак трет ден по ред одбиваат да се вклучат во собраниската дебата.

Со процедурални забелешки и меѓусебни обвинувања заврши и денешната седница. СДСМ и пратениците од албанскиот блок сметаат дека се крши Деловникот за работа со дискусии надвор од точката на дневен ред. За ВМРО-ДПМНЕ преку собраниската говорница треба да се одговорат многу прашања и дилеми на граѓаните.

Ниту 4 недели дебата во Собранието не беа доволни да се избере комисијата за избор и именувања. За збор се пријавени уште 40-тина пратеници, а конститутивната седница продолжува во понеделник.