Македонија
12. September 2016 - 16:14

130 повредени лица побарале лекарска помош како последица на паника поради земјотресот

Уште 30-тина граѓани синоќа и утринава побарале лекарска помош поради земјотресите во Скопје. Во текот на денот не ги почувствувале повредите. Повеќето имале скршеници, набиеници по телото, расекотини или вртоглавици од стресот. Најголемиот дел биле медицински третирани во Клиниката за хируршки болести св. Наум Охридски, а неколку лица се јавиле на преглед и во Ургентниот центар.

-Сите овие ново примени пациенти, по укаќаната лекарска помош пуштени се на домашно лекување, изјави д-р Никола Груев, зам.директор во Клиниката за хируршки болести св. Наум Охридски.

Со ново примените пациенти вкупната бројка на повредени после вчерашниот силен земјотрес се искачи на околу 130 лица. Најголемиот дел се цод 30 до 60 годишна возраст. Речиси сите се здобиле со повреди додека во паника бегале од нивните домови.

-Еден пример да посочам, пациент во обид да излезе од зграда вратата била затворена и со нога ја скршил и се здобил со расекотини, додаде д-р Груев.

И денеска паркинзите пред Ургентен, ГОБ 8 септември и старата градска болница беа испразенети. Не се дозволуваше влез на автомобили и се пропуштаа само возила на Брза помош.