„Звуците на Чаршијата“ на 22 и 23 септември

Многубројни концерти, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на занаети ќе понуди 9. манифестација „Звуците на Чаршијата“ што ќе се одржи утре и задутре.
Град Скопје и Културно-информативниот центар-Скопје (КИЦ-Скопје) се покровители и организатори на манифестацијата, а во реализацијата се вклучени општина Чаир и Македонски Телеком.
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски на денешната прес-конференција информира дека ја поддржуваат манифестацијата со 700 илјади денари. Додаде дека фестивалот придонесува за заживување на Старата скопска чаршија од културен аспект и ги покани скопјани да уживаат во програмата.
Директорката на КИЦ-Скопје Сермине Пурине истакна дека фестивалот ги почитува обичаите и духот на Старата скопска чаршија.
- Тесните улички на Старата скопска чаршија на 22 и 23 септември ќе бидат домаќини на голем број уметници кои ќе творат и ќе ги забавуваат скопјани, рече Пурине.
Фестивалот ќе почне со концертот на Слаткаристика и Шпенд Латифи на плоштадот „Филип Втори“ во 21 часот. На 23 септември во 12 часот на платото пред Штуловиот универзитет ќе настапи Аква Денс, а од 13 часот ќе настапи Ансамблот на староградски македонски песни и ора „Серенада“ од Виница. На плоштадот „Скендербег“ ќе има ликовна колонија, а ќе настапат Сарана Османи со група млади уметници кои ќе свират на класични инструменти, ќе настапат повеќе културно-уметнички друштва и ќе има книжевна вечер. Од 20 часот до полноќ во Куршумли Ан ќе настапат Шкурте Фејза и Агим бенд, Адријан Гаџа, Флоријан, Линдон, Ледри и Ера Естрефи.
Градоначалникот на Чаир Изет Меџити потсети на проектите кои досега се реализирани во Чаршијата, како осветлување, овозможено е само движење на пешаците, продолжено работно време за дуќаните...
Ново на Сител
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
-

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
-

МВР спречи трагедија, малолетник најавил самоубиство на социјалните мрежи
-

Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
