Македонија
16. March 2021 - 12:38

Зврлевски: Со Атанасовски се сретнав службено во 2013 година

Со поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски се сретнавме само еднаш и тоа во 2013 година - вака сведочеше поранешниот јавен обвинител Марко Зврлевски на денешното рочиште за наводните организатори на 27 април.

Исказот на Зврлевски е спротивен од сведочењето на Нинџа кој претходно посочи дека непосредно по упадот во Собрание пред речиси 4години, Зврлевски заедно со поранешната заменичка за правда Бришковска, како и обвинетите Атанасовски и Јанакиевски во штабот на ВМРО ДПМНЕ се договарале кого да казнат.

Исказ даваше и поранешен висок функционер во УБК, но поради доверливост на информациите јавноста беше исклучена.

 

Елена Милошевска