-->
-->
Зузулова победи на слаломот на „Сијеме“ крај Загреб
-->
![]()
Вероника Велез Зузулова од Словачка е победничка на слаломската трка од Светскиот куп во алпско скијање која денеска се возеше во Загреб.
Словачката скијачка оствари најдобро време по двете возења од 2:02.53 секунди што беше за 24 стотинки побрзо од сонародничката Петра Влахова.
На третото место трката на „Сијеме“ ја заврши Шарка Страчова од Словачка која имаше 52.стотинки послаб резултат.
Ова беше прв триумф сезоната за Зузулова во оваа дисциплина откако на претходите три трки завршуваше како второ пласирана.
Водечката во слалом Михаела Шифрин не ја заврши првата трка, па сега разликата меѓу Американката и денешната победничка Зузулова е 110 бодови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
-

НБА: Лејкерс закажа полуфиналната пресметка со Оклахома
-

Стармер: Повторното отворање на Ормуската Теснина нема да значи враќање во нормала
