ЗСРМ: Иницијатива до Уставниот суд за одредби од Законот за судиите
Судско-буџетскиот совет согласно законот бил должен да врши исплата на додатоците на плата на судиите и за преостанатите месеци од кога се стапени во сила актите и од тие причини судиите своите права за заостанатите месеци можат да ги остварат преку поднесување на тужби. Ова е еден од заклучоците донесени од Работната група што беа поддржани на седница на Управниот одбор на Здружението на судии на РМ.
– Во однос на додатоците на плата, Работната група заклучи дека согласно законот и другите подзаконски акти, Судско-буџетскиот совет бил должен да врши исплата на додатоците на плата и за преостанатите месеци од кога се стапени во сила актите. Од тие причини, Работната група смета дека судиите своите права за заостанатите месеци можат да ги остварат преку поднесување на тужби. Овие заклучоци, Работната група ќе ги достави до Управниот одбор на Здружението на судиите на РМ, за натамошно проследување пред надлежните органи: Влада на РМ, Министерство за правда и Министерство за финансии, се наведува во денешното соопштението од ЗСРМ.
Управниот одбор на Здружението на судиите ја задолжило Работната група да изготви иницијатива до Уставниот суд на РМ за одредби од Законот за плати на судиите, како и да подготви предлог законски измени на Законот за плати на судиите.
Работната група е формирана со цел разгледување на правната регулатива што се однесува на исплата на платите на судиите и други додатоци предвидени со Закон, формирана со заклучок на Собранието на Здружението на судиите на РМ од 25 октомври 2018 година.
На седницата биле разгледани и прашања што се однесуваат на реформскиот процес на правосудниот систем, како и прашања од областа на функционирањето на Советодавното тело за судиска етика и Кодексот на судиите.
Ново на Сител
-
Обвинение против 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола, направиле имотна штета во износ од 178.370.319 денари
-
Мерц попладнево ќе се соочи со второ гласање по неуспешниот прв обид да стане канцелар
-
Брат (7) со автомобил прегазил 10-годишна сестра во крушевско
-
Уапсени две 18-годишни лица и еден малолетник, извршиле повеќе тешки кражби во Битола
-
Затворски полицајци во Штип нападнати откако затекнале затвореник со мобилен
-
Судењето на возачот кој ја усмрти Фросина Кулакова започнува во петок
-
Аудиција за Ѕвездите на Гранд на 19 мај во 12 часот во Сител Телевизија
-
На Бит Пазар пронајдено починато машко лице, без документи за идентификација