Зрновци ќе добие нов мост изграден со средства од ЕУ
Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија амбасадорот Самуел Жбогар денеска ќе ја посети општина Зрновци во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“, каде ќе биде предаден во употреба мостот обновен со средства од Европската унија.
На настанот ќе присуствуваат и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП во Македонија Луиза Винтон и градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков, како и претставници на државните институции во чија надлежност е мостот.
Со пуштањето во употреба на мостот ќе биде одбележано завршувањето на транспортната компонента од Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите во 2015 година, за која беа обезбедени 10 милиони евра, а во која што мостот во Зрновци, беше и најголем проект од Програмата имплементирана од УНДП.
Стариот мост кој беше сериозно оштетен, комплетно беше урнат и на негово место се изгради нов мост во должина од 86 метри, вреден над 43 милиони денари (800.000 евра) обезбедени од ЕУ.
Според агендата, евроамабасадорот Жбогар денеска во Зрновци ќе ја посети и градинката „Бисерчиња“, која исто така беше реновирана со средства од ЕУ.
Ново на Сител
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари
-
ЗНАМ почнува преговори со ВМРО-ДПМНЕ за соработка на локалните избори
-
Левица бара да нема застареност
-
Хрватски искуства на патот кон ЕУ: Политичкиот консензус услов за реформи