Зошто заговорите пропаѓаат?

Колку луѓето треба да бидат дел од заговор кога климатските промени би биле измама, а колку кога тоа би било случај со вакцинациите?
Ново, штотуку објавено истражување покажува дека кога се во прашање заговорите мнозинството големината никако не е предност. Др. Дејвид Грајмс од Оксфорд направил равенка која покажува во која мера бројот на заговорници ја намалува нивната способност за чување на тајната.
Грајмс бил мотивиран од раширеноста на теориите на заговори со тема за науките, како што е движењето против вакцинацијата, или т.н. „климатски скептицизам‟. Како што вели, наместо априори да ги отфрли, тој решил да провери колку овие теории на заговори се можни – преку статистиката.
Замислил равенка која покажува веројатност на кој било заговор да пропадне, било случајно или намерно. Равенката вклучува чинители како што се бројот на заговорниците и должината на траењето, но и проценка на шансите било кој заговорник да го обелодени.
За потребите на оваа проценка користени се три историски примери на шепкачи, вклучувајќи го и познатиот случај со Едвард Сноуден. Овие примери се претворени во бројки, преку познати параметри како што се должината на траењето на заговорот пред обелоденување, како и рамковен број на учесниците. Резултатот е статистички пресметан број кој покажува колку брзо, во просек, би се распаднал некој заговор во зависност од бројот на заговорниците.
За да ја промени својата математичка пресмртка на постоечка „теорија на заговор‟, Дејвид Грајмс проценил колку луѓе морале да бидат вклучени во неа. Некои од бројките се следниве: 405.000 заговорници би биле потребни ако климатските промени се измама, додека за потребите за криење на „вистината за вакцинацијата‟ би биле потребни 736.000 луѓе.
Применувајќи ја равенката, Грајмс проценил дека првиот заговор би бил откриен за три години и девет месеци, а вториот за три години и два месеца. Со други зборови, на двата заговори одамна би им било крај. Тој уште се надева дека знаењето за тоа колку овие теории на заговори се неверојатни, ќе ги убеди некои луѓе што веруваат во нив, да се предомислат.
Од друга страна, со својата пресметка понудил водич за нивно успешно одржување. Равенката на Грајмс вели дека, за заговор кој треба да трае пет години, бројот на заговорници не треба да е поголем од 2521. Ако заговорот треба да трае подолго од десет години, тој број треба да биде помал од илјада; подолг од еден век, бројот треба да е помал од 125. Во спротивно, заговорот (веројатно) ќе пропадне.
Ново на Сител
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
