Зошто петок 13-ти се смета за баксузен ден?

Петтиот ден од оваа седмица е петок 13-ти, ден кој отсекогаш се сметал за ден со лоша среќа, а некои истражувачи објаснуваат и зошто е тоа така.
Според Грегоријанскиот календар, најголема е веројатноста дека 13-ти во месецот ќе се падне токму во петок, отколку во било кој друг ден во неделата.
Во период од 400 години, 13-ти паѓа во понеделник 685 пати, вторник 685 пати, среда 687, четврток 684, петок 688, сабота 684 и недела 687 пати.
Во Шпанија и Грција се верува дека вторник 13-ти е несреќен ден. Бројот 13 се смета за несреќен уште од древни времиња, додека петок како баксузен ден се смета уште од 14 век.
Четири од 12 филмови под наслов „Петок 13“ биле премиерно прикажани на петок 13-ти. Финските истражувачи во 2004 година тврделе дека не постои голема веројатност момчињата да загинат на петок 13 -ти, отколку било кој друг петок, но дека девојките имаат за две третини поголема шанса да го изгубат животот во сообраќајна несреќа на петок 13-ти.
Годишно има најмалку еден, а најмногу три петоци 13-ти.
Ново на Сител
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
-

Младите од Црвениот крст во Струмица со мали проекти поттикнуваат хумани дела
-

Мицкоски во Кочани
