Зошто на Земјата се сменуваат годишни времиња?
Многумина веруваат дека во текот на летото нашата планета е поблиску до Сонцето, а зимата подалеку, поради што температурата и временските услови толку многу се разликуваат во овие годишни времиња.
Често во книгите можеме да видиме приказ на Земјиното патување даден во перспектива, кое изгледа како развлечена елипса. За жал, таа неправилна слика многумина ја памтат за секогаш. Вистината е нешто поинаква: Земјиното патување толку малку се разликува од кружница, што ако ја нацртате правилно едвај ќе забележите дека не е круг, објавува „Национална географија“.
Меѓутоа, колку и да е Земјата далеку или блиску до Сонцето, оваа оддалеченост не влијае на временските прилики на Земјата.
Земјината оска е замислена линија која поминува низ центарот на планетата од врвот до дното. Земјата ротира околу таа оска, правејќи еден полн круг. Секој дел од Земјината површина, во текот на ротацијата поминува низ истите услови и затоа имаме ден и ноќ.
Тогаш од каде пролет, лето, есен и зима?
Како што е објаснето на сајтот на НАСА, нашата планета има годишни времиња бидејќи нејзината оска не стои вертикално. Напротив, замислената оска која поминува преку Северниот и Јужниот пол е малку накосена (моментално 23,4 степени).
Како што се врти Земјата околу Сонцето, нејзината накосена оска секогаш е насочена кон ист правец. Значи, во текот на цела година, различни делови на земјата добиваат директни сончеви зраци. Понекогаш Северниот пол е повеќе завртен кон Сонцето, околу јуни, а понекогаш во таа позиција е Јужниот пол, околу декември.
За северната хемисфера, тоа е лето во јуни бидејќи тој дел на Земјата е поизложен кон Сонцето, а зимата во декември бидејќи тогаш е поодалечен. Во јужната хемисфера состојбата е обратна.
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница