Зошто луѓето се чувствуваат непријатно кога го слушаат својот глас на снимка?
Многумина се чувствуваат непријатно, неудобно, па дури и вознемирени кога го слушаат сопствениот глас на снимка. Според науката, има логично објаснување за тоа.
Непријатноста што човек ја чувствува кога го слуша својот глас на аудиоснимка, на пр., веројатно се должи на човековата физиологија и психологија. Како прво, звукот од снимката се пренесува во нашиот мозок поинаку од звукот што се произведува кога зборуваме… Кога слуша снимка од својот глас, звукот на човекот патува низ воздухот до неговите уши, а тоа се нарекува воздушна спроводливост. Звучната енергија го вибрира тапанчето и малите ушни коски, коишто потоа ја пренесуваат „звучната порака“ до мозокот.
Меѓутоа, кога еден човек говори, звукот од неговиот глас допира до внатрешното уво на поинаков начин. Додека дел од звукот се пренесува преку воздухот, најголемиот дел се спроведува внатрешно до черепот. Така, внатрешната спроводливост на коските се чини дека ги засилува долните фреквенции.
Поради ова, луѓето генерално го доживуваат својот глас како подлабок и побогат додека зборуваат. Снимениот глас, за споредба, може да звучи потенко и повисоко, што на многу луѓе им е морничаво и им пречи.
Има уште една, психолошка причина зошто снимка од својот глас може да биде вознемирувачка за човек. Тоа е, некако – навистина нов глас за личноста, којшто ја покажува и нагласува разликата меѓу субјективното лично гледиште и реалноста.
Гласот е битна компонента на личниот идентитет, па токму затоа оваа неусогласеност понекогаш е така вознемирувачка. На тој начин, преку снимка од својот глас тој човек одеднаш сфаќа дека другите луѓе цело време слушале нешто друго.
Ново на Сител
-
Трамп ги обвини советниците на Бајден за „велепредавство“
-
Трајко Славески кандидат за гувернер на Народната банка
-
Одбраната на Палевски и Видевски тврди дека ОЈО е контрадикторно во врска со изведените докази
-
ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10
-
Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје
-
Во првиот квартал со автобуси превезени 9 845 000 патници
-
Заврши доказната постапка во случајот за убиството на Вања и Панче, судењето продолжува на 2 јуни
-
Ликвидирале по нарачка, уапсени четири лица поврзани со убиствата на Орхан Бајрами Оки и Амар Исмани