Зошто Колинда на средбите со други претседатели секогаш облекува тесен црвен фустан?

Психијатрите дадоа одговор на ова прашање
Кога сте во недоумица, носете црвено, вели познатиот американски дизајнер Бил Блас.
Претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ токму оваа боја често ја избира за формални пригоди, како говорот во Обединетите нации или собирот на членките на НАТО во Брисел, кога во чипкан црвен фустан се сликаше и со претседателот на САД, Доналд Трамп.
Истражувањата покажаа дека црвената е најдоминантна и најтемпераментна боја од спектарот на боите. Таа кај луѓето предизвикува нај интензивни реакции и го забрзува дишењето и работата на срцето. Црвената поттикнува глад, страст и агресија.
Со изборот на црвена вратоврска политичарите на гласачите сакаат да им порачаат дека се одлучни, храбри и моќни. За црвена вратоврска не треба посебна храброст, но да се облече некој во црвено од глава до петици како претседателката на Хрватска, веројатно не би можела секоја жена.
- Таа знае дека на тој начин ќе се истакне и очигледно тоа не и пречи. Тоа е став – Нека ме гледаат, имаат и што да видат. Еве ме, тука сум, подготвена сум! За политичарите е добро бидејќи така е сигурен во себе, анализира загрепскиот психијатар Владимир Груден.
Колинда Грабар Китаровиќ е една од ретките жени на одреден настан, ако не и единствена која бира црвени фустани кои на децентен начин ја истакнуваат нејзината фигура.
- Тоа е едно лукавство. Таа така на другите државници им порачува дека им е рамна, ако не и прва меѓу нив, вели психијатарот Груден.
Претседателката на Хрватска во црвен фустан се сретнала не само со Трамп, туку и со канадскиот премиер Џастин Трудо и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Црвена боја избра и за конференцијата на НАТО во Сплит. Во тесен црвен дизајнерски фустан уште повеќе се истакнуваше меѓу толпата мажи во униформи.
- Претседателката сака да даде до знаење дека е победничка, дека е спремна да се соочи и дека ќе се бори. А, народот сака да го водат луѓе кои веруваат во себе, вели загрепскиот психијатар.
Во дизајнот и уметноста црвената боја се користи кога на нешто сака да се стави акцент. Со црвената се врзуваат поими како што се страст, љубов, секс, возбуда, крв, енергија, ентузијазам, топлина и сила. Црвената има и негативен контекст, а тогаш означува агресија, лутина, борба, револуција, суровост и неморал.
Психолозите од Универзитетот во Рочестер спровеле пет студии на примери од 125 мажи на кои се покажани фотографии со жени во црвена, бела, сива, зелена или сина боја, како и фотографии со жени во сина и црвена кошула. Утврдиле дека мажите ги оцениле како најпривлечни жените кои носеле црвена облека и рекле дека се подготвени на секс со нив.
Модните експерти велат дека секоја жена во гардероберот треба да има црвен фустан за посебни прилики. Претседателката на Хрватска во својот гардеробер сигурно има многу фустани со силна црвена боја, а најдраг очигледно и е црвениот фустан со тантела кој ја истакнува линијата. вз/сп/08:51
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
