-->
-->
Зоран Заев единствен кандидат за нов претседател на СДСМ на внатрепартиските избори на 21 март
-->
СДСМ соопшти дека Зоран Заев е единствен кандидат за нов партиски претседател и дека над 80 000 членови со право на глас ќе може да гласаат на првите непосредни внатрепартиски избори на 21 март.Централната изборна комисија вчера одржала седница на која биле потврдени и објавени кандидатурите за претседател на СДСМ, согласно со Правилникот за критириумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ.
– Поради тоа што немаше други пријави, Централната изборна комисија донесе Одлука за прифаќање на пријавата за кандидатурата на Зоран Заев, ја утврди и ја објави единствената листа на кандидат за претседател на СДСМ, а тоа е Зоран Заев. Првите непосредни, внатрепартиски избори ќе се одржат на 21 март. Над 80 000 членови со право на глас ќе можат да гласаат за новиот претседател на СДСМ, се наведува во партиското соопштение.
Претходно беше отворен јавен повик за поднесување кандидатури за претседател на кој, наведува СДСМ, можеше да се пријави секој член кој ги исполнува условите согласно Правилникот.
– Со овој крупен исчекор кон демократизација и модернизирање на партијата, СДСМ поставува нови стандарди во политичкото дејствување во државата, што ќе придонесе и за демократизација на целото општество. Токму затоа СДСМ ја ужива довербата од граѓаните, токму затоа победува но и постојано се менува, за уште подобро да им служи на граѓаните и државата, информира СДСМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ на централен одбор расправа за пратеничката Славјанка Петровска
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
-

Левица ќе се обиде да ги собере опозициските партии за Изборниот законик
-

Уставен нема мнозинство да одлучува по иницијативата на Левица - предметот останува отворен
-

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права
-

Следната недела маркетите на средба во Владата - ќе се бараат причините за зголемените профитни маржи
-

Европска трка по бакар и критични минерали: Каде е Македонија?
