-->
-->
Зоран Милевски стапи на должноста командант на Здружената оперативна команда
-->
На воена свеченост во касарната „Боро Менков“ во Куманово денеска беше извршено примопредавање на должноста командант на Здружената оперативна команда (ЗОК) од досегашниот командант генерал-мајор, Васко Ѓурчиновски на бригандниот генерал Зоран Милевски, досегашен командант на Првата механизирано-пешадиска бригада.
Милевски истакна дека негови приориети ќе бидат продолжување со обуки на командите и единиците, градење добри меѓучовечки односи, создавање подобри услови за работа на вработените, но и справување со сите видови закани.
Изминатиот период, посочи, беше тежок, исполнет со предизвици на секое поле, прогласена кризна состојба на делот од јужната и северната граница каде повеќе од една година нашите единици се ангажирани за справување со бегалската криза, а исто така не изостана поддршката на цивилното население при отстранување на последиците од елементарната непогода предизвикана од поројните дождови во скопскиот и тетовскиот регион.
- Токму поради ова довербата и одговорноста која ми е доделена со моето назначување за командант на ЗОК ми претставува исклучителна обврска, чест и уште поголема одговорност да продолжам да работам со сите свои сили, се со една цел- постигнување на врвни резултати. Припадници на ЗОК , заедно ќе продолжиме со поддршката на градењето на капацитетите на армијата за интеграција во евроатланските безбедносни институции, подготвени да го дадат нашиот придонес во операциите за поддршка на мирот во кризните подрачја ширум светот, рече Милески.
Тој ја презеде командната позиција во ЗОК од Ѓурчиновски, кој со указ на Врховниот командант на вооружените сили Ѓорге Иванов е назначен за висок воен претставник на Република Македонија во седиштето на НАТО во Брисел.
- Резултатите на нашата работа денес можат да се видат на јужната и северната граница, како и од операциите за поддршка на мирот и многубројните меѓународни вежби каде што учествувавме. Верувам дека новиот колектив ќе го водите во вистинска насока на остварување на нашите национални интереси и цели и ќе бидете подготвени да одговорите на сите идни предизвици, рече Ѓурчиновски.
Честистки до новопоставениот командант и благодарност за ангажманот на досегашниот на свеченоста упати заменик началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор, Мухамед Рацај.
- Да се биде на чело на ЗОК за секој командант е огромна обврска и предизивик, истакна Рецај.
На свеченоста присуствуваа и генерали во АРМ, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, команданти на потчинетите команди и единици на АРМ и други гости.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тројца малолетници тепале свој врсник, еден од нив снимал со телефон
-
Ноќва возач излетал од коловозот кај порта Македонија и удрил во тенда од продавница
-
Русија и Украина разменија по 1.000 воени заробеници
-
Двајца затвореници од Идризово барале „рекет“ од мајка на друг затвореник за негова „гаранција и заштита“
-
Претрес во дом на лице кое нападнало полицајци, пронајдена бела прашкаста материја
-
19-годишник од Кавадарци и ја украл ташната на постара жена, при што ја турнал и ја повредил
-
Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција
-
Украина со апел до меѓународната заедница: Запрете ја Русија