ЗОИ: Во примерокот на Валиева пронајдена недозволена супстанца, Русија може да остане без златниот медал во уметничко лизгање
– Светските медиуми денес објавија информација дека доделувањето на сетот медали за екипното натпреварување во уметничко лизгање е одложено поради проблеми со допинг тестот на 15-годишната руска шампионка Камила Валиева.
Валиева беше дел од руската репрезентација на екипниот натпревар на Олимпијадата во Пекинг пред два дена и стана првата уметничка лизгачка во историјата која изведе четирискок.
Според „Inside the Games“, ситуацијата е под истрага и доколку Валиева биде прогласена за виновна за прекршување на анти-допинг правилата, нејзината казна можеби нема да биде толку строга поради нејзината возраст.
Женскиот турнир на Олимпијадата во Пекинг започнува на 15 февруари и за него епријавена Валиева.
Од таборот на руската експедиција на ЗОИ изјавија дека нелегалната супстанца е која е пронајдена во примерокот на Камила Валиева не ги подобрува атлетските перформанси и се користи за лекување на срцеви проблеми.
Ново на Сител
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи
-
Приведен дилер во Куманово
-
Приведен крадец во Маџари
-
Мицкоски најави прва инвестиција во вторник
-
Почна пленарната седница за избор на владата