-->
-->
ЗОИ: Хирано „златен“ во халфпајп, Вајт без медал
-->
– Со фантастичен настап во последното, трето возење, во натпреварувањето во сноубординг во дисциплината халфпајп на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, Јапонецот Ајуму Хирано го освои својот прв златен олимписки медал во кариерата, додека легендарниот Американец Шаун Вајт во својот последен олимписки настап остана без одличје.
Сребрениот медал го освои Австралиецот Скоти Џејмс, додека бронзата му припадна на Јан Шререр од Швајцарија.
Легендарниот 35-годишен Вајт својот петти, и последен настап на ЗОИ, го заврши на четвртото место и остана со три златни медали во кариерата, освоени на Игрите во Торино 2006, Ванкувер 2010 и Пјонгчанг 2018.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пропадна аукцијата за 15% од потребите на ЕВН Хоум - ЕСМ понуди струја за 60 евра мегават час
-
Се уште се чека понудата од ЕСМ за цената на струјата
-
Законот за облигациони односи под лупа на Уставен суд
-
Мицкоски подготвен за „непријатна средба“ со Мицотакис на НАТО самитот
-
ФФМ бара казна за Албанија – На политиката не и е местото во фудбалот
-
По вежба на Криволак, почина млад војник
-
ДСЗИ изврши надзор во битолската болница по смртта на новороденче
-
Мерко не се чувствува виновен за назначување директори