Македонија
20. јуни 2024 - 16:42

ДСЗИ изврши надзор во битолската болница по смртта на новороденче

Детална проверка на патот на движење на родилката од Ресен чие бебе почина во битолската болница 30 часа по породувањето. Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска направил вонреден надзор во Битола како и на Детска клиника каде бебето било донесено без знаци на живот.  

- Исто така, се привршува и вонредниот инспекциски надзор кај матичниот гинеколог. Кога извештајот ќе биде целосно комплетиран јавноста ќе биде информирана, велат од Министерството за здравство. 

Откако таткото Драгољуб излезе во јавноста со сомнежи за смртта на неговото бебе и лекарска негрижа, тој денеска бил повикан во полиција да даде исказ за случајот по барање на обвинителството.

- Во моментот давам изјава, а потоа што ќе правам, по формирање на Владата ќе барам средба со премиерот, со министерот за здравство, со министерот за внатрешни работи бидејќи има факти. А она што го кажа вчера директорката за нередовни контроли, го демантиравме, вели Драгољуб Китоски, татко на бебето. 

Драгожуб е револтиран што 18 часа не добивал никаква информација за неговото бебе ниту дека е во критична состојба. Од болницата во Битола објаснуваат дека направиле се, а на мајката тоа и била трета неуредна бременост. Тоа го демантира матичниот гинеколог кој вели дека редовно одела на контроли. 

Засега клучот е во обукцијата и тоа извештај го чека и обвинителстото, согласно што ќе знаат дали ќе има предмет или не. 

Таткото не се откажува и правдата вели ќе ја бара на суд.