Спорт плус
5. February 2022 - 16:26

ЗОИ: Богатај освои злато за Словенија

Првиот натпреварувачки ден на Зимските олимписки игри во Пекинг заврши исклучително успешно за Словенија. Дамите освоија злато и бронза на малата скокалница.
 
Олимписка шампиoнка на малата скокалница стана Урша Богатај. Во двете серии, Богатај, скокна 108 и 100 метри и освои 239 поени.
 
Германката, Катарина Алтхаус, со скоковите од 105,5 и 95 метри, го освои второто место. Перфектниот ден за Словенија го заокружи Ника Крижнар со скоковите од 103 и 99,5 метри.