ЗНМ и СЕММ: Медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) бараат медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби
-ЗНМ и СЕММ сметаат дека јавните функционери треба да се воздржат од тужби за новинари. Патот кон професионализацијата на медиумите треба да се води преку саморегулаторните тела. Во согласност со добрата практика на европските земји, прагот на толеранција кај политичарите мора да e повисок и тие треба да постават пример за квалитетно користење на механизмите и телата за саморегулација, соопштија вечерва ЗНМ и СЕММ.
Ги повикуваат медиумите да се држат до професионалните стандарди при известувањето, објавувајќи проверени и точни информации, следејќи го јавниот интерес, а не во полза на пропагандистички наративи.
– Апелираме до медиумите да се стремат да ги почитуваат врвните професионални и етички стандарди, бидејќи кршењето на тие стандарди не е во ничиј интерес, а најмалку во полза на довербата во медиумите. Дополнително, праќаме порака до Основното јавно обвинителство дека непримерно е да дава оценка за тоа кои медиуми се (не)одговорни, потсетувајќи дека тоа е работа на еснафот и на публиката, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори