ЗНМ бара да се повлече обвинението против Зоран Божиновски
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска побара од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да го повлече обвинението против новинарот Зоран Божиновски.
- Се загрозуваат чвековите права и слободи на новинар, а штети се предизвикуваат и врз слободата на медиумите и довербата на јавноста во работата на обвинителството и судството, изјави потпретседателот на ЗНМ Томислав Кежаровски.
Тој пред Основното јавно обвинителство истакна дека институциите непотребно ја одложуваат постапката.
- Ако обвинителството имаше докази тогаш зошто им беа потребни скоро четири месеци да го обвинат Божиновски? Какви докази бараше обвинителството во меѓувреме кога за предметот „Шпион“ веќе првостепено се осудени 19 лица. Очигледно е дека обвинителството купува време затоа што нема цврсти докази да го поткрепи обвинението, рече Кежаровски.
Кежаровски потсети дека Европскиот суд за човекови права од Стразбург има констатирано дека затворање на новинари се смета за непропорционална мерка, освен ако се работи за дела поврзани со тероризам и говор на омраза.
- Македонија како членка на Советот на Европа и потписник на Европската конвенција за човекови права и слободи има обврска да ги почитува пресудите на Европскиот суд. Во спротивно, Македонија грубо ги прекршува преземените меѓународни обврски и со тоа го нарушува нејзиниот углед во Европа, рече Кежаровски.
Ново на Сител
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка