Македонија
1. April 2026 - 7:59

ЗНАМ до Филипче: Проверете си ја лојалноста во СДСМ

СДСМ треба да се погрижи дали сите во нејзината пратеничка група се лојални на актуелното раководство,  а не да брои туѓи пратеници, му порачаа од ЗНАМ на Филипче, откако тој викендов тврдеше дека води преговори со пратеници од партијата на Максим Димитриевски, кои наводно биле разочарани од владините политики. Од ЗНАМ велат дека пратеничката група е единствена.

Прашањето за можни преминувања од владејачката ЗНАМ во опозициската СДСМ се отвори откако пратеникот Миле Цеков гласаше за законот за минимална плата на опозицијата, иако тој подоцна демантираше дека има политичка заднина во гласањето.

Сепак, Филипче викендов изјави дека постојат пратеници од ЗНАМ кои не се согласуваат со политиките на лидерот, но во полза на преговорите не сакаше да открие конкретни имиња. Сепак, рече дека очекува наскоро да се пофалат со зголемена бројка на пратеници во нивната пратеничка група. Дополнително, јавно порача дека на сите разочарани од мнозинството им се отворени вратите на СДСМ.

Премиерот Мицкоски, пак, ваквите најави на Филипче ги нарече комични.