Знаете ли зашто во жолчката на јајцето има црвена дамка?
Многу луѓе живеат во заблуда затоа што се се уверени дека крвавата дамка во жолчката покажува дека јајцето е оплодено. Но, не е така. Тоа понекогаш се појавува во јајцето затоа што доаѓа до пукање на капилари во јајникот на кокошката. Тоа се случува во зависност староста на кокошката, видот на храната која ја јаде... но тоа не значи дека јајцето не е добро за јадење, тврдат експертите. Тоа всушност е нормална појава, пренесува The Kitchn.
И во белката може да има црвена дамка.
Пред неколку години жена од Кина се изненадила кога во белката од јајцето видела црвена течност во вид на крв.
Купила 15 јајца во еден маркет, биле поскапи од останатите затоа што кокошките јаделе само инсекти. Повикала новинари, а тие го истражиле случајот.
Во маркетот тврделе дека морале затоа што биле посебни јајца. отишле и кај производителот кој се обидел да ги увери дека кокошките имале менструација. Меѓутоа, научниците им објасниле дека црвената течност може да с3 појави во белката од двепричини: поради паразитска бактерија која живее во дебелото црево на кокошката и предизвикува воспаление на јајцеводите или поради хранење на кокошките со забранета храна. Напоменале дека кокошките немаат менструација и советувале дека такви јајца да не се јадат.
Во ова видео е објаснето зашто во жолчката понекогаш се наоѓаат крвави дамки:
Ново на Сител
-
Протест во Анкара поради апсењето на градоначалникот на Истанбул
-
Истрага против три лица за трговија со пет килограми марихуана
-
Од руско заробеништо вратени 4.306 украински војници
-
„Солун во молк за Кочани“ – точно напладне собир на солунскиот плоштад
-
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров
-
Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола
-
Српскиот патријарх одржа молитва за жртвите во Кочани
-
Трамп им ја укина државната заштита на Камала Харис и на Хилари Клинтон