Знаете ли дека со помош на компир може да осветлувате една соба цел месец?!

Истражувачите откриле дека компирот варен 8 минути може да создаде батерија која произведува 10 пати повеќе енергија од суровиот.
Професорот по наука и земјоделство, Хаим Рабинович и неговиот тим откриле дека со четвртина парче од компир кое се наоѓа помеѓу бакарна катода и цинкова анода споени со жица, може да осветлите соба со LED светло дури до 40 дена.
Компирот може да обезбеди електрична енергија за десетина од целата на типична AA батерија.
Замислете ги сите можности и прилики кои со ова откритие би ги имале луѓето во неразвиените и оддалечените делови на светот.
- Компирите се избрани поради нивниот потенцијал за раст, речиси насекаде, вклучувајќи ја тропската и суптропската клима – изјави Рабинович, „тој е најзастапената земјоделска култура во светот, но треба да се знае дека компирот сам по себе не е извор на енергија, туку само помага да се спроведе електрицитет делувајќи како мост помеѓу сите метали, овозможувајќи им на електроните слободно да се движат низ жиците создавајќи електрицитет“, додава тој.
Освен што расте во изобилие, компирот е избран и поради цврстото скробно ткиво, кое му овозможува да биде чуван со месеци без да привлече инсекти.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
